Барса, сепак, не го дава новиот шпански херој
Според информациите од Шпанија, на адреса на каталонскиот клуб сè уште нема официјална понуда ниту од ПСЖ, ниту од самиот фудбалер или неговите застапници. Во Барселона сметаат дека доколку Торес сака промена на средината, тој прво треба да побара трансфер.
Феран зад себе има одлична сезона, во која постигна 21 гол на 49 натпревари, а дополнително се истакна и со репрезентацијата на Шпанија. Поради тоа, управата на „блауграна“ сериозно размислува и за продолжување на неговиот договор, кој моментално важи до летото 2027 година.
ПСЖ го следи неговиот развој, но Барселона јасно стави до знаење дека не сака да го загуби играчот кој минатата сезона се наметна како еден од клучните офанзивци на тимот.