Спалети: Мартинез е голман кој сака да го промени клубот

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети голманот Емилијано Мартинез кој во изминатиот период се поврзуваше со Јувентус сака да ја промени средината.

Аргентинскиот чувар на мрежата е дел од Астон вила од 2020 година, а неговиот актуелен договор со клубот истекува во 2029 година.

Минатата сезона 33-годишниот голман имаше голем придонес во освојувањето на Лигата на Европа, но уште порано најави дека сака да си замине од „Вила Парк“. Репрезентативецот на Аргентина за Вила одигра 213 натпревари, откако пристигна од Арсенал.

„Дибу Мартинез? Тој е голман кој сака да го промени клубот, а ние сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот. Сепак, во моментов веќе имаме двајца голмани“, изјави Спалети за „Газета дело Спорт“.

Во текот на кариерата Мартинез настапуваше и за Оксфорд Јунајтед, Шефилд Венздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг.

Јувентус сака да донесе нов прв голман, а во моментов на располагање ги има Микеле Ди Грегорио, Матија Перин и Карло Пинсољо. Мартинез веќе подолго време е желба на торинскиот клуб, како и голманот на Парма, Зион Сузуки.