Норис на „Хунгароринг“ до прва победа сезонава!
Зад Норис кој со овој триумф стигна до првата победа сезонава во завршија Макс Ферстапен и Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри немаше среќа и трката поради проблеми со менувачот ја заврши на 15 круга пред крајот.
Во топ десет завршија уште: Леклер, Хамилтон, Хаџар, Расел, Лаусон, Хулкенберг и Линдблад.

Водечки во генералниот поредок кај возачите и понатаму е Антонели, кој има 204 бодови.
Зад него следуваат Луис Хамилтон со 159, Џорџ Расел со 154, Шарл Леклер со 126 и Норис со освоени 103 бодови.