Страшен беше Валах: ЕХФ го избра за херој на вечерта! (ВИДЕО)

Вардар славеше голема победа во Лигата на шампионите и го совлада Нант во Франција со 33-27, а херој на вардарци беше фантастичниот Милош Валах.

Голманот на вардарци го одигра еден од своите најдобри натпревар во редовите на македонскиот шампион и средбата ја заврши со неверојатни 17 одбрани. На крајот имаше и одлични над 40% успешност на голот.

Токму затоа сосема заслужено и ЕХФ го избра за „херој на вечерта“. Во објавата беа истакнати и некои од најдобрите одбрани на мечот.