Нико Паз и Комо го уништија Јунајтед и можеби го потпишаа отказот на Керик! (ВИДЕО)
Катастрофата за „ѓаволите“ вечерва започна уште во втората минута кога фантастичниот Нико Паз постигна гол со одличен удар од далечина уште во втората минута. Тоа беше и единствениот гол во првиот дел.
Во вториот дел тимкот предводен од Керик целосно се распадна, Паз во 49-тата минута асистираше на Доувикас за 2-0, за осум минути подоцна вторпат да стрела за 3-0. Не застанаа тука Италијанците, Рамон се погрижи за 4-0.
Конечниот резултат беше поставен во самата завршница кога Зиркзе го постигна утешниот гол за Манчестер Јунајтед.
Со овој пораз Јунајтед влезе во серија од седум натпревари без победа на кои има четири пораз ии три нерешени средби. Во Лигата на шампионите „ѓаволите“ се со еден триумф и два порази. Во ваква ситуација нема да биде изненадување и ако по овој дуел Мајкл Керик веќе не биде тренер на тимот.
На вториот натпревар во Франција, Галатасарај со 4-2 славеше над Лил и така по двата старни порази ги освои првите бодови во елитата.