Брзо се променија работите: Пелистер од втор фаворит во ЕЛ, сега е блиску до дното (ФОТО)

Пред неполн месец ЕХФ високо на второто место го рангираше Пелистер кога во прашање се фаворитите за освојување на второто по ранг европско натпреварување, но работите многу брзо се променија.

Битолскиот состав по три натпревари е без победа со два порази од Ла Риоха и Гумерсбах и едно реми со Вибржеже во Гданск.

Поради таквите резултати македонскиот вицешампион падна далеку подоле на листата и сега се најде на 15-тото место и зад него се само Валур, Извиѓач, Маритимо Мадеира Хамарби и Сесвете.

На врвот пак е Фленсбург, додека втората позиција е противникот на пелистерци, Гумерсбах, а зад нив Кадетен  Шафхаузен.