ФИФА организира нов Мундијал, ќе учествува и Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години ќе биде дел од новото Светско првенство на ФИФА кое ќе се игра 7+1 и ќе се одржи во Баку Азербејџан.

Станува збор за иновативен проект на ФИФА наменет за младински фудбал. Се игра со 7 играчи во поле + голман, а право на учество имаат фудбалери родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите траат 40 минути (две полувремиња по 20 минути со 5 минути пауза). Во овој формат динамиката е зголемена со овозможени неограничени („летечки“) измени, изведување аут со нога (kick-in) и офсајд кој важи само во зоната од 23 метри пред гол-линијата.

Нашите млади надежи во групната фаза ќе одиграат 5 натпревари, со можност за пласман во завршната, односно елиминациската фаза од турнирот. Натпреварите ќе се играат во Ховсан комплексот во Баку.

Македонија ќе биде во група со Панама, Чад, Кенија, Малта и Нигер.

Селекторот на оваа генерација, Горан Станковски веќе го објави списокот на повикани фудбалери:

Голмани: Марио Стојковски (Њу Стар), Максим Ѓоревски (Виена ФЦ);

Одбрана: Стефан Арсов (АИК Стокхолм), Дин Рожајац (ФФМ Академија), Ејман Емини (ФФМ Академија), Јетмир Асани (Вардар), Хамза Зубери (Скопје);

Среден ред: Давор Танески (ФФМ Академија), Фишник Амити (Шкендија), Јоан Ѓорѓиевски (Академија), Стефан Стојаноски (Академија);

Напад: Јован Јанчевски (Академија), Драган Петков (Њу Стар), Доротеј Христов (Скопје);

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

Сабота, 24. октомври

Македонија – Панама 12:45

Недела, 25. октомври

Чад – Македонија 10:30

Македонија – Кенија 17:15

Понеделник 26. октомври

Малта – Македонија 09:15

Македонија – Нигер 16:00