Врие во Брегалница – навивачите упатија понижувачка порака! (ФОТО)

Незадоволството кај навивачите на Брегалница од Штип очигледно расте, а последната објава на навивачката група „Фаланга“ на социјалните мрежи испрати остра порака до фудбалерите и случувањата во клубот.

По натпреварот меѓу Брегалница и Вардар, одигран во неделата, штипските навивачи објавија фотографии, придружени со порака во која бараат темелни промени.

„Пораката е јасна! Нешто ќе мора од корен да се смени“, порачуваат од „Фаланга“, притоа користејќи и навредливи и понижувачки квалификации за дел од фудбалерите.

Со ваквата реакција, навивачите јасно го изразија своето незадоволство и испратија порака дека очекуваат поинаков пристап и поголема борбеност од тимот. Објавата е насочена кон настапите на екипата, но начинот на кој е формулирана пораката предизвикува внимание и поради навредливиот јазик.

Брегалница е клуб со богата традиција и голема навивачка база во Штип, па незадоволството на „Фаланга“ претставува дополнителен притисок врз тимот во продолжението од сезоната. По десет одиграни кола, екипата се наоѓа на седмото место со десет бода, а во претстојното коло гостува кај директниот ривал за опстанок Брегалница.