Баерн Минхен поради трагедија ќе настапи ослабен во мега-дуелот против Арсенал!

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да настапи на вечерашниот натпревар против лондонски Арсенал во рамките на Лигата на шампионите поради смртен случај во неговото потесно семејство.

Информацијата за неговото отсуство од овој важен европски дуел официјално ја потврди и баварскиот клуб. Во своето обраќање до јавноста, раководството на германскиот гигант упати апел до медиумите и навивачите максимално да се почитува приватноста и тагата на играчот и неговото семејство во овие тешки моменти.

„Целиот ФК Баерн стои покрај Џошуа Кимих со нашето најдлабоко сочувство“, се наведува во официјалното соопштение на клубот.

Ова е исклучително важен дуел за Баварците, по неочекуваното реми во претходното коло на гостувањето кај Викинг (3-3) поради што останаа без веќе планирани два бода.