Севиља го „тужи“ Реал Мадрид - откриена брутална кражба во телевизискиот пренос!

Управата на Севиља официјално поднесе жалба до раководството на Ла Лига, изразувајќи сериозно незадоволство поради наводно фаворизирање на противникот на теренот за време на натпреварот против Реал Мадрид (1-4).

Реакцијата на клубот доаѓа два дена по натпреварот кој беше одбележан со низа контроверзни судиски одлуки кои предизвикаа бурни реакции. Веднаш по завршувањето на средбата, тренерот на Севиља, Луис Гарсија Пласа, упати остри критики кон арбитражата, посочувајќи конкретни ситуации кои директно влијаеле врз конечниот резултат. Клучниот момент кој го предизвика револтот се случи во 23. минута, кога фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, не беше исклучен од игра по удар со лакт, за веднаш потоа токму тој да го отвори резултатот.

Покрај судиските одлуки, во официјалната жалба на Севиља се изразува длабоко несогласување со аудиовизуелното покривање на натпреварот. Клубот обвинува за нерамноправно и недоволно емитување и повторување на решавачките акции од средбата, потенцирајќи дека при пеналот досуден за Реал Мадрид по прекршокот врз Килијан Мбапе, ситуацијата била повторувана од различни агли и планови, за разлика од спорните моменти пред противничкиот гол.

Сомнежите на клубот добија дополнителна тежина откако Серхио Каранса Лескано, одговорен за директните телевизиски преноси, во емисијата „Ел Партидасо“ јавно призна дека била донесена одлука да не се емитува забавена снимка од прекршокот на Ѓулер. Покрај овој инцидент, андалузијците имаат сериозни претензии за недосуден пенал по прекршок на Марк Кукуреља врз Пеке, како и за фаул на Конате врз Роби Уре на самиот почеток од акцијата при постигнувањето на вториот гол за мадридскиот состав.

Откако изразија незадоволство и од одржаната средба со Техничкиот комитет на судиите (ЦТА), од Севиља најавија дека се подготвени да ги бараат своите права и по судски пат.