Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите за ЕП - со двајца „странци“!

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.

Најголемо внимание на списокот привлекува првиот повик за Дмитро Хориха, кој ќе биде во конкуренција за дебитантски настап. Освен неговото вклучување, стручниот штаб се потпира на проверени сили и нема поголеми изненадувања меѓу повиканите играчи. Карактеристично за овој собир е што меѓу 35-те ракометари фигурираат само двајца интернационалци – покрај натурализираниот Украинец, кој настапува за унгарскиот Пик Сегед, единствениот друг ракометар од странство е голманот на германскиот Битигхајм, Мартин Томовски, кој во моментов е еден од најдобрите голмани во Бундеслигата.

СПИСОКОТ НА ЛАЗАРОВ: