Алкараз за само 69 минути го декласира Медведев во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја запиша втората победа во групата Б на Завршниот мастерс во Торино, откако лесно го совлада Данил Медведев со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4).

Алкараз за само 69 минути го декласира неговиот ривал и продолжи да чекори кон пехарот во Торино, откако Медведев не успеа да одговори на теренот.

Шпанецот во последното коло ќе игра против Коболи, додека Медведев ќе се соочи против Тиафо.

Фото: Facebook/Rolex Paris Masters