Крај на една голема кариера: Мата се пензионира на 38 години!

Шпанскиот фудбалер Хуан Мата официјално стави крај на својата професионална кариера на 38-годишна возраст

Мата имаше богата кариера во која играше за премиерлигашите Челси и Манчестер сити, но ги носеше и дресовите на Валенсија, Галатасарај, Висел Кобе, Мелбурн Виктори и други.

Во кариерата освои повеќе пехари, меѓу кои се Светското во 2010 и Европското првенство во 2012 година со Шпанија.

Шпанецот моеж да се пофали и со пехари во Лигата на шампиони (ЛШ), Лига Европа, ФА Купот, јапонската лига и турскиот шампионат.

Фото: Facebook/Melbourne Victory