Алимпијевиќ и Бешикташ го урнаа Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бешикташ приредија големо изненадување во 12. коло од Евролигата, совладувајќи го Реал Мадрид со 83-79. 

Освен минималното водство на самиот почеток, кое траеше само 27 секунди, Реал во продолжението беше во подредена улога.

Избраниците на Дишан Алумпијевиќ, носени од одличната поддршка од трибините, го контролираа натпреварот и заслужено стигнаа до голема победа над фаворитот. Бешикташ во еден момент имаше и предност од 14 поени, која успеа да ја сочува и покрај обидите на мадридскиот гигант да се врати во игра.

Најзаслужен за триумфот на турскиот состав беше Џефрис со 20 поени, додека Лони Вокер и Скоти Вилбекин постигнаа по 15 поени. Кај Реал Мадрид најефикасен беше Маледон со 22 поени и шест скока, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне поразот.

Дополнителен проблем за гостите беа и неговите седум загубени топки. Со оваа победа Бешикташ стигна до ефект од шест победи и шест порази, а во следното коло го очекува гостување кај Партизан, во салата „Александар Николиќ“.

Реал Мадрид, пак, сега има седум победи и пет порази, а во наредното коло го очекува уште едно тешко гостување, овојпат против Олимпијакос.