МЗТ немоќен против Тарту, го запиша седмиот европски пораз
Почетокот на натпреварот најавуваше поинаков исход. Првата четвртина помина во израмнета игра, а домашниот состав имаше минимална предност од 20-19.
Сепак, во втората четвртина следуваше целосен пад во играта на македонскиот тим. Тарту влезе во одлична шутерска серија, постигна дури 33 поени и на паузата замина со убедлива предност од 53-34.
Во продолжението МЗТ се обидуваше да ја намали негативата, но не успеа сериозно да му се закани на домаќинот. Предноста на естонскиот тим во еден момент достигна и максимални 21 поен.
Во редовите на МЗТ Скопје најрасположен за игра беше Лесли Варнер со 19 поени. Тадија Тадиќ запиша 11, додека Димитрије Николиќ натпреварот го заврши со 10 поени.
На спротивната страна, Кеит Палек беше еден од најзаслужните за победата на Тарту со дабл-дабл учинок од 16 поени и 12 скока, додека Александер Хинт придонесе со 14 поени.