Смешно: 16-годишник од Јунајтед се збогуваше со - проштално видео!

Еден од најголемите англиски фудбалски таленти, Џеј Џеј Габриел, потврди дека нема да остане во Манчестер јунајтед. И тоа со видео со кое се прости од клубот.

Нема сомнеж дека 16-годишниот напаѓач веќе важи за следната голема ѕвезда на англискиот фудбал. Но, да се снима видео за заминување на само 16 години, без ниту еден настап во сениорскиот фудбал е веројатно премногу.

Навикнати сме на проштални видеа, без разлика дали станува збор за крај на кариерата или заминување во друг клуб. Но, досега тоа најчесто го правеа фудбалери кои веќе оставиле трага и изградиле сериозна кариера. Колку и да е голем потенцијалот на Џеј Џеј Габриел, тој допрва е на почетокот на својот фудбалски пат, па затоа и видеото за многумина би изгледало смешно.

Младиот Англичанец не откри каде ќе ја продолжи кариерата, а како главен фаворит се истакнува Реал Мадрид.