Хит на сцена: Новинар не знаел што да го праша Скалони, па ЧатГПТ му помогнал (ВИДЕО)
Додека го очекувал почетокот на прес-конференцијата на селекторот Лионел Скалони, еден новинар решил да побара помош од вештачката интелигенција за да смисли прашање за аргентинскиот стратег.
Новинарот го отворил „ЧатГПТ“ на својот мобилен телефон и напишал:
„Дај ми прашање за Скалони по победа од 7-0“.
Неговиот колега забележал што прави, го снимил екранот од телефонот и видеото го објавил на социјалните мрежи.
Одговорот на вештачката интелигенција бил следниот:
„Лионел, по ваква убедлива победа од 7-0, какви заклучоци можете да извлечете за смената на генерациите во репрезентацијата? Дали сметате дека се создава нов фудбалски идентитет, помалку зависен од индивидуалниот квалитет, а повеќе заснован на колективната игра?“
Видеото го објави новинарот Лаутаро Павон на социјалните мрежи, по што за кратко време стана вирално. За само неколку часа снимката собрала повеќе од 430.000 прегледи и 15.000 „лајкови“.
Chat: DAME UNA PREGUNTA PARA SCALONI LUEGO DE GANAR 7-0 https://t.co/P4Is32o9JB
— Lauty pavon (@LautaroPavon18) November 18, 2026