Mилан си најде голгетер - напаѓачот кој расплака нивниот најголем ривал!

Милан веќе ја одбрал главната трансфер-мета за претстојниот зимски преоден рок. Наводно збор за младиот напаѓач на Бриж, Николо Тресолди, за кого сопственикот на „росонерите“, Џери Кардинале, е подготвен да издвои дури 60 милиони евра.

Работата за италијанскиот гигант би можела да биде олеснета од фактот што и самиот фудбалер сака да се пресели во Милано и да го облече дресот на клубот од „Сан Сиро“.

Според пишувањата на италијанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот, Тресолди јасно ставил до знаење дека Милан е неговата единствена желба. Причините се и од спортска природа, но и лични, бидејќи уште од детството навива за италијанскиот великан. Поддршка за трансферот во Италија даваат и неговото семејство и агентите.

Тресолди сезонава игра во одлична форма за белгискиот тим, за кој досега постигнал вкупно 18 гола – осум во домашното првенство и пет во Лигата на шампионите.

Особено ги воодушевил челниците на Милан кога во елитното европско натпреварување постигнал хет-трик на „Сан Сиро“, во сензационалната победа над градскиот ривал Интер со 4-3.

Токму тие настапи дополнително го засилиле интересот на „росонерите“, кои сега се подготвени да направат сериозен финансиски напор за да го доведат еден од најинтересните млади напаѓачи во европскиот фудбал.