Флик ја добива големата желба - Барселона конечно ќе ја засили одбраната
Преговорите за личните услови на фудбалерот се во напредна фаза и двете страни се блиску до вербален договор. Шлотербек е заинтересиран за проектот на Барселона, а особено го привлекува можноста повторно да соработува со Ханси Флик.
Германскиот стратег добро го познава дефанзивецот од периодот кога беше селектор на германската репрезентација и смета дека тој би бил идеално решение за одбранбената линија на Барселона. Флик сака левоног централен дефанзивец кој може да донесе сигурност во последната линија, но и квалитет во организацијата на нападите од задната линија. Иако првичниот план бил трансферот да се реализира во летото 2027 година, сега се отвора можност Шлотербек да пристигне на „Камп Ноу“ уште во јануари. Сепак, за тоа да се случи, Барселона најпрво ќе мора да направи простор во буџетот и во играчкиот кадар преку евентуални заминувања. Прв пик за трансфер е Алехандро Балде кој никако не успеа да се вклопи во филозофијата на Флик, а за него клубот би можел да добие 40 милиони евра.
Интересно е што паралелно со оваа приказна постојат и различни размислувања во спортскиот сектор на каталонскиот клуб. Според други медиумски извештаи, спортскиот директор Деко повеќе го преферира Алесандро Бастони од Интер, додека Флик го гледа Шлотербек како приоритетно решение. Бастони е високо ценет во Барселона, но неговата цена, која според медиумските информации се движи меѓу 70 и 80 милиони евра, ја прави операцијата исклучително комплицирана. Затоа германскиот дефанзивец останува сериозна опција за засилување на одбраната.
Шлотербек има 26 години и со Борусија Дортмунд е договорно врзан до 2031 година, што значи дека Барселона нема да има лесна задача да го убеди германскиот клуб да се раздели со еден од своите најважни дефанзивци.