Чупиќ го одреди составот за дуелот против Нант (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар вечерва ќе му гостуваат на Нант во петтото коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите, а познат е составот со кој тренерот Иван Чупиќ ќе се обиде да стигне до првата победа во елитното натпреварување.

Како што беше најавено, во тимот се враќа Урош Митровиќ, кој ја одработи суспензијата од четири натпревари и повторно ќе може да настапи на европската сцена. Неговото враќање е особено важно за „црвено-црните“, кои ќе бидат без Мохаб Абделхак и Махамаду Кејта.

 

 

За дуелот во Франција, Чупиќ ќе смета на следните ракометари: Стојановски, Воркапиќ, Георгиевски, Љевар, Лазаревски, Тузолана, Валах, Анастасовски, Педро, Митровиќ, Малус, Јанковски, Фадхуле и Гогов.

Вардар во Нант пристигнува по два последователни европски порази со минимални 32-33, прво од францускиот тим во Скопје, а потоа и од Висла во Плоцк. Токму затоа, вечерва ќе се обиде да ја прекине негативната серија и да покаже дека може да се надигрува со ривалите во Лигата на шампионите.