Костадинов останува во Чешка: Словачко го откупи и потпиша договор до 2028 година!

Чешкиот прволигаш Словачко потврди дека го откупил договорот на македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов од Сигма Оломуц.

Костадинов во вториот дел од минатата сезона играше на позајмица во Словачко, чија управа реши да го купи Македонецот и да потпише договор до 2028 година.

Македонецот минатата сезона одигра 13 натпревари за Словачко, при што постигна еден гол и три асистенции.