Трагедија: Екс-репрезентативец на Мали загина во сообраќајка

Поранешниот репрезентативец на Мали, Калиу Траоре загина вчера во сообраќајка на 38-годишна возраст.

Траоре е познат и на хрватската фудбалска јавност, затоа што од 2008 до 2010 година го носеше дресот на Истра 1961, а посебно блесна во сезоната 2008/09 кога со девет голови беше најдобар стрелец на тимот и му помогне да се врати во елитата.

Траоре во кариерата има играно и за Реал Бамако, Видад Казабланка, Хасаниа Агадир, ОБ и Сошо.