Хамилтон казнет по квалификациите, ќе тргне од петта позиција во Унгарија

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон доби казна по квалификациите за Големата награда на Унгарија.

Хамилтон заврши на втората позиција, но ќе тргне од петтата затоа што доби казна бидејќи во завршната рунда од квалификациите му пречеше на Оскар Пјастри од Мекларен.

Организаторите на трката по квалификациите го погледнаа инцидентот на патеката, кога Пјастри мораше да се откаже од обидот да стигне до подобро време затоа што Хамилтон се најде на неговиот пат.