Хуман потег на Динамо Загреб: Дел од приходите од ЛШ ќе донира за настраданите во пожарите

Динамо Загреб објави дека дел од приходите од натпреварот во плејофот од Лигата на шампиони (ЛШ) против норвешки Викинг ќе ги донира за помош на луѓето од подрачјата кои се погодени од пожарите во Хрватска.

Клубот од Загреб започна акција која ја нарече „Сино срце за погодените во пожарите“, а притоа најави дека донации испратил до пожарникарите, припадниците на итните служби, волонтерите и жителите од погодените подрачја.

„Ги повикуваме сите членови и навивачи во вторник да го исполнат стадионот, да дадат поддршка и да покажат солидарност кон тие на кои им е најпотребна во моментов“, соопшти Динамо.