Елмас нема да остане во Лајпциг: Македонецот бил понуден на два гиганти!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас најверојатно ќе го напушти Лајпциг ова лето, откако познатиот новинар Николо Шира објави дека фудбалерот бил понуден на два фудбалски гиганти.

Според информациите кои ги објави новинарот, Елмас би можел да се врати во Италија, откако услугите на Македонецот им биле понудени на Наполи и Јувентус.

Елмас минатата сезона ја помина на позајмица во Наполи, при што настапи на 44 натпревари, а запиша еден гол и четири асистенции за клубот од Неапол.

Репрезентативецот на Македонија претходно играше и за Торино во Серија А, додека во кариерата го носеше и дресот на Фенербахче и Работнички.

Фото: Napoli FC/Facebook