Арсими се радува на првите бодови: Контрерас му пресуди на Башкими
Двете екипи тргнаа напаѓачки од самиот старт, но не ги користеа своите шанси во првото полувреме.
Арсими заигра за нијанса подобро во вториот дел и се закануваше кон голот на Башкими, а конечно до водство стигна во 80. минута кога Контрерас ја затресе мрежата на ривалот.
Башкими тргна во офанзива по голот на противникот, меѓутоа во финишот не успеа да се спаси од пораз.
Арсими по три одиграни кола има три освоени бодови, додека Башкими е на дното без освоен поен.
Фото: Арсими ФК