Двата најслаби тима го отвораат 3. коло во ПМФЛ!

Денеска почнува третото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), на програмата е еден натпревар, Арсими го пречекува Башкими.

Арсими и Башкими во првите две кола служеа за зголемување на гол разликата на противничките екипи. Арсими прими четири голови од Брегалница и пет од Тиквеш, а Башкими исто така пет од кавадаречкиот тим и шест од Силекс.

Двете екипи се единствените без освоен бод по првите две кола, денеска една од нив ќе го промени тоа, а можеби и двете ако мечот заврши нерешено.

По лошиот влез на сезоната, Арсими и Башкими интензивно се засилуваа со нови фудбалери обидувајќи се да создадат конкурентен тим. Продолжението од сезоната ќе покаже колку успеале во тоа.

Денешниот меч меѓу Арсими и Башкими се игра од 16:30 часот.

ПМФЛ 3. коло:

Петок 
Арсими - Башкими 16:30
Сабота 
Силекс - Скопје 16:00
Тиквеш - Шкендија Арачиново 16:30
Недела
Струга - Вардар 16:30
Шкендија - Брегалница 19:00