Познато колку пари заработи Шкендија од Конференциската лига
Тетовци во елитното натпреварување на УЕФА успеа да ги совлада Европа од Гибралтар и Браво од Словенија, а секоја помината рунда му носи по 175.000 евра според наградниот фонд на Европската куќа на фудбалот.
Македонскиот вицепрвак ќе добие и 550.000 евра за елиминацијата од третото квалификациско коло, што значи дека оваа година заработи над 900.000 евра.
За споредба, Шкендија минатата сезона оствари заработка од над шест милиони евра.
Фото: Шкендија