Шкотска инвазија во Скопје: Навивачите со пиво и песна се загреваат за мечот со Шкендија (ВИДЕО)

Вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат Шкендија и Хибернијан (1-2) во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, а гостинските навивачи веќе го окупираа главниот град на Македонија.

Навивачите на шкотскиот тим пристигнаа во Скопје во значителен број и уште пред почетокот на натпреварот создаваат препознатлива фудбалска атмосфера низ градот.

Над 100 симпатизери на Хибернијан се собраа во центарот на Скопје, каде во пресрет на вечерашниот дуел времето го минуваат во друштво, со пиво, песни и навивачки песни.

Фото: Facebook/Hibernian Football Club