Инфантино добил „нож во грб“ од уште еден сојузник!

Ирскиот фудбалски сојуз ја повлекол поддршката за Џани Инфантино за нов мандат на чело на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Управниот одбор на фудбалскиот сојуз на Ирска донел одлука по состанокот и го поништил писмото за поддршка кое беше испратено на почетокот на годината.

Инфантино неодамна се извини поради предлогот да создаде компанија која треба да управува со комерцијалните зделки на турнирите на ФИФА. Планот предвидуваше продажба на 20 отсто од уделот во организацијата на Светските првенства на приватни инвеститори.

По скандалот, многумина побараа оставка од Инфантино, но засега првиот човек на ФИФА не планира да се повлече.