Екс тандемот на Ливерпул од новата сезона повторно заедно?
Еден од најдоверливите турски новинари, Јагиз Сабунчуоглу, потврди дека Трабзон ги договорил сите лични услови со Дарвин, па сега останува уште клубовите да се договорат за висината на обесштетувањето.
Иако пристигна како големо засилување од Ливерпул, за сума од дури 53 милиони евра, само една година подоцна тренерот Инзаги не смета на него.
Дарвин за Ал Хилал одигра 24 натпревари, постигна девет гола и запиша пет асистенции, па не е неочекувано што се најде на трансфер-листата. Интересно е тоа што во Трабзон го чека Мохамед Салах, неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, кој неодамна пристигна во турскиот клуб како слободен агент.
Ако на тоа се додаде дека Душан Влаховиќ го засили Бешикташ, а Ромелу Лукаку Фенербахче, јасно е дека турската лига следната сезона ќе се следи со поголемо внимание.
Останува да ги видиме и следните потези на Галатасарај, кој го посакува Габриел Мартинели од Арсенал, а веќе го има Виктор Осимен. Исто така Галатасарај се поврзува и со Василије Костов од редовите на Црвена звезда.
Фото: Liverpool FC