Реал освои необичен трофеј, еден фудбалер сам не можеше да го носи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид со победата над Депортиво Ла Коруња од 1-0 го освоија пријателскиот турнир „Тереса Херера“, но овојпат во центарот на вниманието не беше само победата, туку и еден од најнеобичните трофеи во светот на фудбалот.

Станува збор за пријателски турнир кој секое лето се игра во рамките на подготовките за новата сезона. 

Единствениот гол на натпреварот го постигна Браим Дијаз во финишот на првото полувреме, додека тренерот Жозе Мурињо им даде шанса на голем број фудбалери за да ги тестира пред почетокот на новата сезона.

Сепак, најинтересните сцени се случија по последниот свиреж. Трофејот е толку голем што не можеше да го носи еден фудбалер.

Поради тоа, неколку фудбалери на Реал Мадрид мораа заеднички да учествуваат во неговото изнесување од теренот.