Влаховиќ не дојде со празни раце во Бешикташ - донесе две гајби домати! (ВИДЕО)

Со доаѓањето на Душан Влаховиќ во Бешикташ заврши една од подолгите трансфер-саги ова лето, а 26-годишниот напаѓач се погрижи во Истанбул да не пристигне со празни раце.

Српскиот голгетер со себе донел две гајби домати, кои биле забележани на аеродромот во Истанбул. Новинарот Онур Ташџиоглу откри и зошто поранешниот напаѓач на Јувентус решил токму домати да понесе со себе.

Според неговите информации, на Турците кои пристигнале во Белград на преговори со Влаховиќ и неговиот тим, особено им се допаднал доматот што го јаделе во салатата за време на вечерата.

Влаховиќ очигледно го запаметил тоа, па решил да ги израдува своите нови соработници и да им подари две гајби домати од Србија.