Миовски пропушти шанса да биде херој, елиминација за Ренџерс!

Глазгов Ренџерс е елиминиран од квалификациите за Лига Европа откако одигра 1-1 на свој терен против Јагелонија и загуби со вкупни 2-3.

Бојан Миовски во игра влезе во 75. минута, на Ренџерс очајно му требаше победа, со триумф од еден разлика мечот ќе отидеше во продолженија.

Македонскиот напаѓач имаше голема шанса во 90. минута, од убава позиција биеше со глава, но крај голот на Јагелонија.

Елиминацијата од Лига Европа за Ренџерс значи префрлување во плејофот за пласман во Конференциската лига.