Мурињо подготвува голем експеримент: Силва доби нова позиција во Реал
Мурињо го користеше Силва како дефанзивен играч за врска во дуелот против Депортиво, а Португалецот имаше импресивна статистика.
Силва го заврши натпреварот со 40 точни додавања од исто толку обиди, а притоа успеа три пати да ја украде топката од ривалите, но и да не го загуби поседот.
Португалскиот стратег очигледно сака да го користи неговиот сонародник и на друга позиција освен неговата примарна во новата сезона.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.