Рокот е до 18 часот: Челси ја одреди цената за Енцо, Манчестер сити е на потег!
„Сините“ соопштија дека ќе преговараат за Аргентинецот само доколку до 14 август, петок, стигне понуда од 140 милиони евра, а со тоа испратија јасна порака до „граѓаните“ чиј тренер Енцо Мареска го сака неговиот поранешен фудбалер.
Долго време се шпекулира за иднината на едно од најскапите засилувања на Челси во историјата, а и самиот фудбалер кажа дека би сакал да замине од Лондон, односно неговата желба е Реал Мадрид, иако такво сценарио не е реално во моментов.
Фернандез има договор до 2032 година со Челси, па Манчестер сити ќе мора да ги задоволи барањата до 18 часот доколку сака да го добие неговиот потпис.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club