Роналдо по венчавката ги изненади фановите, се појави со нов имиџ (ФОТО)

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите во Ал Наср, само неколку дена по венчавката со долгогодишната партнерка Георгина Родригез.

Роналдо пред три дена потврди дека стапил во брак со Георгина, а веќе вчера се врати на тренинзите во рамките на подготовките за новата сезона.

Португалецот ги изненади навивачите и со мала промена на имиџот, бидејќи на тренингот пристигна со нова фризура, откако значително ја скратил косата. Сезоната во саудиската Премиер лига започнува утре, кога Ал Наср на домашен терен ќе го пречека Ал Фатех.

Овој натпревар ќе биде вовед во обидот на Ал Наср да ја одбрани шампионската титула.