Њукасл носи босански фудбалер за 35 милиони евра!

Фудбалерите од Босна и Херцеговина се на цена, особено по настапот на Светското првенство.

Следен кој ќе направи голем трансфер е десниот бек на Бенфика, Амар Дедиќ кој е блиску до преселба во Њукасл.

Информациите велат дека преговорите меѓу Њукасл и Бенфика се во напредна фаза и се очекува трансферот да се реализира за сума од 30-35 милиони евра.

Главен виновник за овој трансфер е тренерот на Њукасл, Матијас Јајсле кој многу добро го познава Дедиќ.

Босанецот под водство на Јајсле има одиграно 52 натпревари во тимот на Ред Бул Салцбург.