Алварез сфатил дека погрешил и им се извинил на соиграчите!

Аргентинскиот напаѓач, Хулијан Алварез, им се извинил на своите соиграчи и за однесувањето во изминатиот период.

Алаварез јавно флертуваше со Барселона, дури велеше дека не сака веќе да игра во Атлетико Мадрид иако има договор со овој клуб.

Откако сфати дека таквиот однос нема да му донесе ништо позитивно, им се извинил на соиграчите.

Информациите велат дека Алварез веќе не се крие од останатите играчи на Атлетико Мадрид и во соблекувалната им признал дека погрешил.

Тој отворено го кажал тоа, им се извинил и ветил дека ќе го даде максимумот во дресот на Атлетико Мадрид додека е дел од тој клуб.

Алварез има уште четири години од актуелниот договор со Атлетико Мадрид.