Звезда се пофали со Риера: На „Маракана“ пристигнува „тика-така“
Белградскиот гигант со објава „тика-така“ го најави и стилот со кој Риера ќе се обиде да донесе резултати какви што раководството очекува.
Со Звезда Шпанецот потпиша двегодишен договор, а дебито на клупата ќе го има в четврток од 20 часот против Викторија Плзен во плејофот за пласман во Лига Европа.
Шпанецот доаѓа на местото на Дејан Станковиќ кој си замина по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите и елиминацијата од Хапоел Бер Шева.