Илиев по шест месеци си замина од Рапид, клубот му должи пари!

Македонскиот голман Дејан Илиев остана без клуб откако го раскина договорот со Рапид Букурешт каде што пристигна пред шест месеци.

На голот на романскиот тим Илиев бранеше 16 натпревари, а сега ќе бара нова средина.

Во Рапид Илиев пристигна во јануари и веднаш доби стандардното место как о прв чувар на мрежата, меѓутоа не дојде до продолжување на соработката.

Илиев во кариерата досега бранеше уште за: Ута Арад, Сараево, Хелсинки, Тренчин, Серед и Јагелонија. Претходно долго време беше дел од младинските категории на Арсенал.

Дел од медиумите во Романија шпекулираат дека македонскиот голман заминува поради долг и неисплатени плати во износ од 150.000 евра.