Риера веќе ги освои навивачите, првата порака им ја испрати на српски (ВИДЕО)

Алберт Риера денеска и официјално беше потврден за нов тренер на Црвена звезда каде што пристигнува на местото на Дејан Станковиќ, а веднаш по потврдата, тој ја испрати и првата порака. 

Шпанскиот стратег посебно ги израдува навивачите бидејќи кратката порака ја испрати на српски јазик.

„Звездаши, оздравете, па да се враќаме“.

Инаку, станува збор за реченица од филмот „Убавите села убаво горат“ која навивачите на Црвена звезда веќе ја користеа како повик публиката да се врати на стадионот по тешките порази.

Првиот предизвик за Риера ќе биде натпреварот од плеј-офот во Лига Европа против Викторија Плзен кој е закажан за в четврток. Звезда ќе потсетиме, се најде во плеј-офот откако беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите во двомечот со Хапоел Бер Шева.