Охрид ќе го брани трофејот на свој терен, објавен е распоредот за турнирот „Крсте Андоновски“

Веднаш по традиционалниот турнир во Струга, ракометните возбудувања во земјава ќе се преселат во соседниот Охрид каде што следната недела ќе се игра турнирот „Крсте Андоновски“.

Денеска е познат и комплетниот распоред на натпреварите, а на турнирот ќе настапат две македонски екипи и тоа Вардар и Охрид кој ќе го брани трофејот освоен минатата година.

Вардар е сместен во групата „Б“ каде што ќе ги одмери силите со Нексе, Олимпијакос и Тимо Требње. Домаќинот Охрид пак во „А“ групата ќе се соочи со Војводина, Загреб и селекцијата на Египет до 20 години.

Натпреварите ќе се играат од вторник до сабота за кога е закажано финалето и дуелите во разигрувањето.