Силекс и Шкендија Арачиново го отвораат 11. коло од Првата лига

Фудбалерите на Силекс и Шкендија Арачиново денеска од 14 часот ќе ги одмерат силите во Кратово, во првиот натпревар од 11. коло на Првата македонска фудбалска лига. Домаќините ќе се обидат да ја искористат предноста на својот терен за да стигнат до нови бодови, додека прва цел на ќе биде да ја прекинат серијата од три натпревари брз победа.

Силекс во пресрет на овој дуел доаѓа со самодоверба по победата од 3-0 на гостувањето кај Башкими, па кратовци ќе сакаат добрата игра да ја потврдат и пред своите навивачи пред кои немаат победа од август кога го совладаа Скопје. По десет одиграни кола, разликата меѓу двата тима е минимална: Шкендија Арачиново има 14 бода, а Силекс 13, па денешниот дуел може да има значително влијание врз нивниот пласман.

Првата пресметка меѓу овие екипи сезонава заврши без победник. Во второто коло, Шкендија Арачиново и Силекс ремизираа 1-1 во Чаир, а двата гола беа постигнати од пенал. Есмир Хасукиќ го спаси Силекс од пораз со израмнувачкиот погодок во 84. минута.

Сега улогите се менуваат – Силекс ќе ја има предноста на домашниот терен, но Шкендија Арачиново веќе покажа дека може да им создаде проблеми на своите противници.