Артета ги израдува навивачите: Наскоро сè ќе биде решено

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека има намера да потпише нов договор и им порача на навивачите дека нема причина за загриженост околу неговата иднина.

Шпанецот влезе во последната година од договорот со Арсенал, но сè укажува на тоа дека соработката ќе продолжи.

Еден од челниците на клубот, Џош Кренке, уште во мај најави дека продолжувањето на договорот со шпанскиот стручњак е еден од главните приоритети на Арсенал, а сега и Артета јасно стави до знаење дека сака да остане.

„Навивачите не треба да се грижат за тоа, бидејќи сакам да бидам тука. Исклучително сум среќен и многу благодарен што можам да работам со луѓето со кои работам“, изјави Артета.

Шпанецот не гледа никаков проблем во тоа што новиот договор сè уште не е потпишан.

„Кога ќе имаме можност, ќе го решиме тоа. Тоа е сè.“

Артета истакнува дека меѓу него и раководството на Арсенал постои целосно разбирање.

„Сите се чувствуваат удобно и тајмингот на новиот договор нема да претставува проблем. Моја желба секако е да бидам тука и многу сум среќен. Имам чувство дека клубот го сака истото. Затоа сите пристапуваме кон тоа на многу природен начин“, истакна човекот кој на „Топџиите“ им донесе шампионска титула.

Артета е на клупата на лондонскиот тим од 2019 година.