Трагедија во Португалија: Велосипедист загина на трка, го удрил автомобил кој залутал!
Според информациите младиот велосипедист бил удрен од автомобил во страшна сообраќајна несреќа меѓу Мелгасо и Фафе, во Португалија.
Станувало збор за автомобил кој залутал и се движел во спротивна насока додека велосипедистите минувале низ Понте де Лима, на северот на земјата.
Возилото го удрило велосипедистот на патот Н306, кој ги поврзува Паредес де Кура со Понте де Лима, а младиот Британец притоа се здобил со тешки повреди. Автомобилот свртел во полукружна насока откако возачот погрешно проценил дека сите велосипедисти веќе поминале, објави „Correio da Manhã“.
Болничарите брзо пристигнале на местото на несреќата, но не успеале да го спасат Финли, кој подоцна им подлегнал на здобиените повреди.
Трката веднаш била прекината, а нема да има ниту церемонија на доделување признанија.