Врие во Ирска пред дуелите против Израел во Лигата на нации

Тензиите меѓу Ирска и Израел дополнително се зголемија во пресрет на нивните два натпревари во Лигата на нациите. Фудбалските дуели се најдоа во сенка на политичките случувања и протестите поврзани со конфликтот во Газа.

Ирска на 27 септември ќе гостува кај Израел во Дебрецен, Унгарија, додека реваншот е закажан за 4 октомври во Бачка Топола, Србија. Ирска од безбедносни причини ќе биде домаќин на тој натпревар на неутрален терен и без присуство на публика.

Дополнителни реакции предизвика изјавата на селекторот на Ирска, Хејмир Халгримсон. Запрашан за позицијата на неговиот тим во пресрет на дуелите, тој рече дека Ирска „не игра со геноцидот, туку против геноцидот“ и нагласи дека неговата репрезентација игра против Израел, а не „со Израел“. Израелската фудбалска асоцијација реагираше остро на овие зборови, обвинувајќи го исландскиот стручњак за „глупост и лицемерие“. Израелската страна размислува и за поднесување пријава до УЕФА поради неговите изјави.

Во меѓувреме, во Ирска продолжуваат повиците за бојкот на натпреварите. Кампањата „Stop the game“ објави отворено писмо потпишано од повеќе од 160 спортисти и јавни личности, кои ги повикаа ирските репрезентативци да не настапат против Израел.

Ирската фудбалска асоцијација, сепак, претходно предупреди дека одбивањето да се играат натпреварите би можело да има сериозни последици за ирскиот фудбал, вклучително и можни дисциплински санкции и губење бодови.