Скaлони доби понуда каква не може да одбие

Лионел Скалони е пред продолжување на соработката со аргентинската репрезентација, откако Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА) му испратил нова понуда за нов договор.

Сегашниот договор на Скалони истекува на крајот од декември 2026 година, а според актуелните информации преговорите се движат кон продолжување. Аргентинските медиумите објавуваат дека новиот договор би бил на две години, до Купот на Америка во 2028 година, со опција за продолжување за уште две години, односно до Светското првенство во 2030 година.

И самиот Скалони неодамна остави отворена можноста за продолжување на мандатот. По завршувањето на Светското првенство тој призна дека размислува за својата иднина, но во пресрет на новиот репрезентативен циклус порача дека ќе се обидат да продолжат со успешниот проект, без разлика кој ќе биде на клупата. АФА сака Скалони да остане на чело на репрезентацијата и во периодот по заминувањето на Лионел Меси од националниот тим. Аргентина во октомври ќе го одигра и прошталниот натпревар на Меси за репрезентацијата, против Бенин, во Буенос Аирес.

Доколку договорот биде финализиран, Скалони би продолжил да го предводи тимот и во периодот на смена на генерациите и подготовките за Светското првенство во 2030 година. Официјална потврда за потписот сè уште нема, но повеќе аргентински извори известуваат дека преговорите напредуваат и дека двете страни се блиску до договор.