Голема „чистка“ во Милан: Аморим ќе избрка седум фудбалери

Португалскиот тренер Рубен Аморим почна да прави големи промени во Милан, а според најновите информации дури седум фудбалери ќе го напуштат поранешниот италијански шампион.

Аморим решил да се ослободи од фудбалерите кои не му се потребни за следната сезона, а медиумите го објавија и списокот со нивните имиња.

На трансфер-листата ќе завршат Фикајо Томори, Кристофер Нкунку, Первис Еступињан, Сантијаго Хименез, Јусуф Фофана, Давид Одогу и Филипо Терачино.

Фото: AC Milan /Facebook