Втор пораз за јуниорите: Македонија по голема борба загуби од БиХ

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација беше поразена од Босна и Херцеговина со 75-86 во второто коло од Европското првенство (ЕП) во Дивизија „Б“.

Македонија тргна добро во натпреварот и ја доби првата четвртина со 28-23, а до полувреме ја задржа предноста и на паузата имаше пет поени предност (46-41).

БиХ почна да ја топи негативата во вториот дел, па така во завршните 10 минути влезе со 59-61, по што направи целосен пресврт и со одлична завршница стигна до триумф од 86-75.

Најефикасен во македонскиот состав беше Григориј Ѓорѓевиќ со 21 поен, четири скокови и четири асистенции, додека Един Прелџиќ постигна 27 поени, 13 скокови и пет асистенции за БиХ.

Македонија следниот натпревар го игра утре од 10.30 часот против Унгарија.

Фото: www.fiba.basketball/